Категории

Пред да го изговорам судбоносното „ДА“ сакам да го кажам ова…

Чувствувам потреба пред да го изговорам судбоносното „ДА“, да оддадам чест на сите свои поранешни сексуални и романтични искуства и тоа не само поради трудот вложен во нив.

На сите мои поранешни момчиња,

Ова писмо е исто така збогување со сингл животот. Бракот е сериозна работа и чувствувам дека би било неодговорно доколку формално и детално не ставам точка на тој период од животот, пишува Maggie Parker за New York Times.

Знаев дека ќе дојде овој ден, го препознав својот иден сопруг уште на 12 години. И уште тогаш се заљубив во него. Х., прв пат кога те видов, во шесто одделение, одлучив дека ќе се венчаме. И како поминуваше времето, станував сѐ посигурна во тоа. За жал, за мелодрамичната незрела јас, тоа тохгаш не беше доволно. Па поради тоа, кога твојот најдобар другар, најубавото момче во одделението, ме покани да излеземе, прифатив.

А., ти и јас ги поминавме наредните шест месеци заедно. Ти беше моето прво момче, а првите момчиња се паметат. Излегувавме, ми купуваше подароци, ми пишуваше песни и ми кажуваше дека ме сакаш. Жал ми е што ти раскинав преку мејл, но мислев дека ќе најдам подобар во средното училишгте. Погрешив, секако.

Повторно доаѓа Х.

Не се гледавме редовно, но бев сигурна дека ќе завршиме во брак, и ете, сега го имаме целото време на светот. Двајцата ми ја дадовте онаа слатка и невина љубов. Ти благодарам А., што пред сите ми посвети песна поради што се чувствував како најпосебната девојка во просторијата, кога ќе се сетам на тоа чувствувам пеперутки во стомакот. Ти благодарам Х., што ми даваше надеж сите овие години, но и затоа што не беше подготвен да се врзеш, па остави место за некој кој беше – Д.

Д., ме прелажа да ти верувам слепо и отиде подалеку од она на што бев подготвена. Не заслужуваш да потрошам повеќе време на тебе.

Но, потоа Ј. знаеше каде ја ставам границата. Нашата поврзаност беше толку силна, што малку беше да се каже „Те сакам“. Но, на крај морав да се извлечам од таа „удобна дупка“ во која се завлеков и ти благодарам што ме пушти.

Дојде време да бидам сингл, зрела девојка од Њујорк. Тука, покрај краткорочните шеми, треба да те издвојам единствено тебе – С. Не ми купуваше цвеќе, ниту пак подароци, не ми плаќаше пијачки, но ми даде самодоверба. Ме научи како да уживам во сексот и како да бидам во зрела врска.

Следниот пат кога се заљубив, тоа беше на патување и израелски војнику, Б., ти ми подари срцепарателна романса, која, мислам, секој треба да ја доживее еднаш. Тогаш го сфатив она: „Подобро да сакаш и да изгубиш, отколку да не сакаш“.

Поминавме 10 денови заедно, а две години обидувајќи се повторно да бидеме заедно. Тоа толку не исполнуваше, а истовремено тоа беше многу деструктивно. Го затворив тоа подлавје по средбата, откако те видов како влегуваш во авион и си одиш. Не сакам веќе никогаш така да се почувствувам. Конечно бев подготвена за вистинска врска.

На сите мои поранешни момчиња им благодарам, на секој поединечно, што не ни успеа. Бидејќи тоа ме доведе до последното момче:

– кој не чекаше одредено време да ми пише по првиот состанок
– кој по четири месеци ми кажа дека ме сака и не се откажа од мене иако не му одговорив
– кој останува буден цела ноќ со болното куче, додека јас спијам
– кој не можеше да дочека да ме запроси, но чекаше да бидам подготвена за тоа
– оној со кој завршив.