Пред да се откажете – Обидете се уште еднаш

Пред да помислите да се откажете, обидете се уште еднаш.. Оваа приказна ќе ве увери дека чуда се случуваат баш тогаш.

Си биле еднаш две жаби кои паднале во сад со крем.
Веднаш сфатиле дека тонат. Било невозможно долго да пливаат во таа густа смеса како жива кал.
Во почетокот двете жаби претале со нозете во садот за да го достигнат работ, но било залудно. Само се движеле во место и тонеле. Се потешко се одржувале на површината и тешко дишеле.

Една од нив гласно рекла: „Не можам повеќе. Невозможно е да се излезе од тука. Во ова не може да се плива. Бидејќи знам дека ќе умрам, не гледам причина зошто да го продолжувам ова страдање. Не разбирам како смисла има да умрам од исцрпеност и залуден напор.“

Откако го рекла тоа, престанала да прета со нозете и брзо потонала. Белата густина ја проголтала.

Другата жаба, таа поупорната и можеби потврдоглава си рекла на себеси: „Не гледам начин да испливам од ова, но сепак, кога веќе смртта се приближува, барем ќе се борам до последен здив. Не сакам да умрам нити секунда пред да чукне мојот час. Животот е вреден за труд…“

Продолжила да прета со нозете со часови но воопшто не се помрднала од истото место.

Одеднаш од толку претање со нозете, кремот се претворил во масло. Одеднаш жабата скокнала и со лизгање стигнала до работ на садот. Од таму лесно се вратила во своето мочуриште..




Коментари

[fbcomments]