Категории

Пред камерите на сопругата и признал дека ја изневерил со 341 жена. Погледнете ја нејзината реакција! (ВИДЕО)

Џејсон Максиел, поранешен НБА кошаркар, пред камерите признал дека својата сопруга Бренди, со која бил во брак осум години, ја изневерил со 341 жена.

Бренди била свесна дека нејзиниот сопруг ја изневерува, но знаела само за 8 жени. Како се покажало, бројот бил многу поголем. Водителката на емисијата „Fix My Life“ најпрво и открила дека станува збор за повеќе од 50 жени.

„За мене и осум беа многу. Ова е одвратно“, рекла Бренди видно вознемирена, а кога водителката продолжила со прашањата, таа со солзи во очите заминала од студиото.

Џејсон во разговор со водителката открил дека всушност се работи за 341 жена. „Беше лесно да го изведам тоа тогаш. Не знам што барав, но го правев“, признал и додал дека не знае зошто толку ја изневерувал својата сопруга.

Прегледи:
411
Објавено на:
19.09.2018