Предлог комбинација: Бидете модерни и несекојдневни за вечерните излегувања

Иако малиот црн фустан е класика, сепак од време на време треба да се размрдаат работите.

За следната пригода може да внесете нешто ново и модерно, наместо црн фустан одберете комбилизон и шарени дизајни, а наместо досадните црни салонки, одберете металик чевли.

Секси комбилизонот искомбинирајте го со аксесоари во златна боја, секси чевли и задимено нашминкани очи. 

Здолништата никако не треба да бидат здодевни! При изборот водете се кон уникатност и дизајн, тоа е што го препорачуваат модните експерти, колоритноста и необичните дизајни ви се полн погодок. Останатиот дел од изгледот нека биде посуптилен.

Здодевниот изглед може да се разбие и со шик килоти, надополнето со модерни металик чевли за неповторлив изглед.




Коментари

коментари