Предлогот е одобрен: Децата, учениците, студентите на двонеделен распуст

Во наредните две недели ќе бидат затворени сите градинки, училишта и факултети, забранети и сите јавни собири, одлучи Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.

Комисијата препорача сите градинки, училишта и факултети да бидат затворени во следните две недели, Владата и министерсвото за здравство го прихатија предлогот.

Во следните две недели според одлуката на Владата  се забрануваат сите масовни собири на отворено и на затворено, а сите спортски собири да бидат без публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средноризични држави во период од 14 дена.




Коментари

[fbcomments]