Предупредување до скијачите: Висока лавинска опасност на Шарскиот масив

Планинската спасителна служба во објава на фејсбук испраќа предупредување до посетителите на Шарскиот масив за опасност од лавини. 

Како што посочуваат, заради засилениот ветер на повисоките делови на Шарскиот масив на многу места се формирани снежни плочи и намети од снег, а се очекува и влошување на состојбата во наредните денови заради прогнозата за силен ветер и снежни врнежи, со што се достигнува нивото на висока лавинска опасност.

Се советува сите посетители во ски центарот да скијаат исклучиво по ски патеки и во безбедни зони, како и останатите посетители на планинскиот масив да бидат исклучително внимателни и да не се движат во ризични подрачја.

 




Коментари

коментари