Категории

Предвидувањата на Нострадамус: 5 застрашувачки настани кои ќе ја обележат 2016 година

Големиот француски пророк Мишел де Нотр Дам, познат како Нострадамус, предвидел многу работи за кои се верува дека еден ден навистина ќе се случат. Постојат верувања дека тој го предвидел патувањето на месечината, Хитлеровата власт, смртта на Хенри Втори, но и убиството на Кенеди.

Оваа година досега се смета за една од најинтересните години од научен и социолошки аспект. Но, додека ние сме скептични и не веруваме дека нешто посебно ќе се случи, постои низа интересни работи кои Нострадамус предвидел дека ќе се случат во 2016 година.

Тој во својата книга „Пророштва“ напишал преку илјада поетски катрени кои предвидуваат што ќе се случи во иднината. Според историските наоди, Нострадамус почнал да добива „визии“ многу рано, а подоцна развил своја техника за предвидување и ги бележел сите негови визии. Иако академските експерти тврдат дека поврзаноста помеѓу светските случувања и Нострадамусовите катрени се резултат на погрешно толкување, сепак милиони луѓе веруваат дека тој навистина предвидел некои големи настани во светот. Следуваат дел од од најпознатите примери:

Смртта на Хенри Втори

„Младиот лав ќе го совлада постариот, на бојното поле, во битка една, ќе ги прободе своите очи низ златен кафез, две рани ќе направи, од кои едната ќе му предизвика сурова смрт“.

Летото 1559 година, францускиот крал Хенри Втори, се борел со Комте де Монтгомери, кој бил шест години помлад од него, во витешка борба. И двајцата имале штитови насликани со лавови. Со последниот удар копјето на Монтгомери го пробило и го распарчило кралскиот визир. Едното парче го прободело неговото око, а другото му се забило во главата. Хенри Втори умрел по 10 дена поради тешките повреди.

Слетувањето на Месечината

„Тој ќе отпатува на површината Луна, каде во чудна земја ќе стигне и заробен ќе биде. Недозреаното овошје ќе доведе до голем скандал и голема вина.“

Луна е друг збор за Месечина, а заробувањето веројатно се однесува на тоа што снимката е овековечена, односно астронаутот е „заробен“ на снимка.

1 2

Прегледи:
669
Објавено на:
03.05.2016