Категории

Прекрасна медитеранска куќа која наликува на цвет

Минималистичка, едноставна, природна, со прекрасен поглед на Медитеранот, оваа куќа именувана Sunflower House  или Сончогледова куќа, е дизајнерско дело на  Cadaval & Solà-Morales, кои имаат свои канцеларии во Барселона и Мексико.

Лоцирана во Коста Брава, на полуостровот Кап де Креус, сместена во карпи, во едно од најубавите места во Шпанија, оваа вила е вистинско ремек дело.

На две нивоа, со големи прозорци кои внесуваат многу сончева светлина во внатрешните простории. Различно позиционирани делови, со различен поглед, нуди диверзитет и уникатно уживање во опкружувањето.

Опкружена со море и планини, нуди минимализам, но фукнционалност. Секако тука е и безграничниот базен кој нуди вистинско уживање.

     

Прегледи:
885
Објавено на:
13.06.2018