Прекрасни фотографии од летувањето на Новак Ѓоковиќ со сопругата во Хрватска! (ФОТО)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ одлучи неколку денови од летната пауза да ги искористи за одмор во Хрватска. Српскиот тенисер пред неколку денови стигна на Корчула, а своите обожаватели на социјалните мрежи секојдневно ги информира како го поминува својот одмор на Јадранот со своето семејство.

По снимката на која заедно со гостите го пее хитот на Оливер Драгојевиќ, Ѓоковиќ објави и неколку фотографии на кои се гледа како ужива на плажа.

Ноле и сопругата Јелена направија прекрасни фотографии, а судејќи по перспективата од која се фотографирани, веројатно се создадени со помош на дрон.




Коментари

коментари