Категории

Прекрасни идеи за декорација на новогодишни мафини! (ФОТО)

Употребете ја фантазијата и забавувајте се додека правите најдобри новогодишни колачи. Многу е лесно и едноставно.

Состојки:

150 г путер

150 г шеќер

изрендана кора од 1 лимон

2 јајца

150 мл млеко

прстофат сол

200 г брашно

2 лажички прашок за пециво

Фил:

250г маскарпоне сирење

сок од 1 лимон

50 г шеќер во прав

1 ванилин шеќер

Останато:

Шлаг крем

боја за колачи

украсни зрнца

кокос

Подготовка:

Рерната вклучете ја на 180°Ц и почекајте да се загрее.

Тесто: Шеќер, изрендана кора од лимон и путер изматете со миксер. Додадете јајца, млеко, сол и на крај брашно помешано со прашок за пециво. Со смесата полнете калапи до 2/3 и печете околу 20 минути.

Фил: Маскрапоне сирење, шеќер во прав и ванилин шеќер изматете, па додадете сок од цел лимон. Добро промешајте, додадете боја за колачи по желба, па наполнете го шприцот за декорирање. Филувајте ги оладените мафини.

Во видео прилогот погледнете како чекор по чекор можете да ги декорирате овие вкусни колачи:

Прегледи:
351
Објавено на:
26.11.2021