Категории

Прекрасни мисли за смртта кои ќе ве потсетат дека треба да живеете и љубите

Смртта е многу трагичен настан особено кога се работи за блиска личност. Не постојат зборови што можат да дадат утеха или да ја намалат болката. Меѓутоа, смртта служи како потсетник да не ги земаме работите здраво за готово и максимално да го користиме секој момент од животот. Нѐ потсетува почесто да ги прегрнуваме нашите сакани, да заборавиме на бесмислените караници и да им кажуваме на луѓето колку ги сакаме и колку ни значат. Овие утешителни мисли за смртта ќе ве потсетат дека секој момент треба да го користите за да живеете и љубите со полни гради…

„Доколку живееш 100 години, и јас сакам да живеам 100 години но еден ден помалку, за да не морам да живеам без тебе.“ – А. А. Милн

„Сети се на мене и насмевни се, бидејќи подобро е да ме заборавиш отколку споменот за мене да ти предизвикува солзи во очите.“ – Доктор Сус

„Смртта е предизвик. Ни вели да не го трошиме времето. Ни вели да си кажуваме дека се сакаме сега во моментот.“ – Лео Баскалја

„Кога болката ќе ве растажи, не бидете глупави, не ги затворајте очите за да плачете. Можеби се наоѓате во вистинската позиција за да видите како сонцето свети.“ – Аланис Морисет

„Отсуството на личноста која постојано била покрај вас го уништува вашето присуство. Сѐ што е во собата, па дури и ѕвездите на небото можат да исчезнат за секунда, да преминат од една сцена во друга, како во сон.“ – Хуанг Сок-Јонг

2-prekrasni-misli-za-smrtta-koi-kje-ve-potsetat-deka-treba-da-zhiveete-i-ljubite

„Приказната за љубовта се состои од здраво и збогум, сѐ додека не се сретнеме повторно.“ – Џими Хендрикс

„Љубов е тоа кога ќе преживеете дури и тогаш кога ќе заминете.“ – Мич Алборн

„Мртвите никогаш не се мртви, додека не заборавиме на нив.“ – Џорџ Елиот

„Нештата што ги губиме наоѓаат начин да ни се вратат, иако можеби не на истиот начин како што сме очекувале.“ – Џ. К. Роулинг

„Доколку нешто оживее во другите поради вас, тогаш сте се приближиле кон бесмртноста.“ – Норман Казинс

„Не се плашам да умрам. Единствено се плашам од тоа да ти кажам збогум засекогаш.“ – Шенон Л. Алдер

Прегледи:
1233
Објавено на:
20.11.2016