Прекрасни цитати за љубовта на таткото кон своите деца

Во нашиот живот ретко која личност има толкаво влијание како родителите. А татко, не може да биде секој, тоа се оние посебни луѓе кои своите деца ги извеле на правилен пат…

1. За неа, името на татко и беше уште едно име за љубовта. – Фани Ферн

2. Мојот татко никогаш не ми кажуваше како да живеам. Ми дозволи да го гледам како живее тој. – Кларенс Б. Келанд

3. Татковците се најобични мажи кои љубота ги претворила во суперхерои, авантуристи, раскажувачи на приказни и најдобри пејачи – Пем Браон

4. Таткото не е сидро кое нè задржува, ниту брод за да нѐ однесе некаде, туку ѕвезда водилка чија љубов ни го покажува патот. – непознат автор

6. Не можам да се сетам на ниту една посилна потреба во детството од сигурноста која ни ја дава таткото. – Зигмунд Фројд

7. Секој човек може да биде татко, но само посебните можат да бидат тато. – Ан Гедес

8. Верувам дека она во што се развиваме зависи од тоа што ќе не научат нашите татковци во необичните секојдневни моменти. Нас не формираат нивните ситни парчиња мудрост. – Умберто Еко

9. Татко ми ми го даде најдобриот подарок кој може да се добие. Веруваше во мене. – Џим Валвано

10. Не се крвта и месото тоа што не прави татковци и синови, туку срцето. – Јохан Фридрих фон Шилер

11. Татко ми отсекогаш ми говореше: „Најди работи која ја сакаш и нема да мораш да работиш ниту еден ден во животот“. – Џим Фокс

12. Од сите титули кои некогаш сум ги добил, „тато“ е секогаш најубавата и највредната. – Кен Нортон

13. Секој татко треба да има на памет дека неговото дете еден ден нема да ги прати неговите совети, туку неговиот пример. – Чарлс Кетеринг

14. Ја преземал улогата на татко за неговото дете да има нешто мистично и бескрајно: заштитник. – Том Вулф

15. Секој кој вели дека татковството е најубавото нешто што му се случило, ја разбира неговата поента. – Мајк Маерс

16. Најбогат е оној маж чии деца му летаат во прегратка кога има празни раце. – непознат автор

17. Ќе видите дека доколку се потрудите да бидете навистина добар татко, вашите деца ќе ви помогнат на секој чекор да станете уште подобар. – Роберт Бролт

18. Да се биде добар татко е како бричењето. Иако си се избричил денес, утре мораш пак. – Рид Маркам

19. Биди татко. Немој да бидеш „помошник на мама“… Биди маж… Татковците имаат вештини кои никогаш не ги користат дома. Водат бизниси, а не можат да го облечат своето четиригодишно дете? Прифатете го предизвикот. Поминувајте време со вашите деца… Тоа нема да ви ја намали мажественоста, туку ќе ве направи уште поголем маж. – Луис ЦК

20. Добар татко е еден од најчесто игнорираните, ретко пофалуван дел од општеството, а сепак едно од најголемите богатства. – Били Греем

 




Коментари

коментари