Категории

Прекрасно кафуле во Сеул кое ќе ве натера да се чувствувате како во цртан филм

Ако сакате стрипови и цртани филмови, ентериерот на овој кафич ќе ве остави без зборови …

Никогаш не сме уморни да гледаме прекрасни фотографии од кафулиња и ресторани ширум светот на Инстаграм. Но, меѓу сите овие кафулиња вредни за Инстаграм, има едно што е целосно различно од другите и ќе ве тера да се чувствувате како да сте дел од цртан филм.

Од моментот кога ќе влезете во кафетеријата, ќе наидете на сцени од стрипови и ќе се чувствувате како да сте се нашле во нереалниот свет на цртаните. Па, ако патувањето некогаш ве однесе во Јужна Кореја, поточно во Сеул, а вие сте голем љубител на илустрации, стрипови и цртежи, едноставно не треба да го пропуштите ова искуство. Оваа мала, но удобна кафетерија се отвори во 2017 година, но нејзината популарност расте, во голем дел благодарение на Instagram.

Прегледи:
617
Објавено на:
21.08.2019