Преку ПХВ програмата младите имаат можност да станат подобри личности и идни лидери на нашата земја

Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности” (ЦКА-ПХВ) e е програма која веќе 20 години се имплементира во Р.Македонија. Таа претставува национална алатка за привлекување и задржување на млади волонтери во Црвениот крст, на возраст од 14 до 18 години.

Проектите ги реализираат тимски и ја користаат целата своја креативност и младешки дух за да организираат претстави, концерти, магионичарски шоу програми, натпревари во видео игри, како и голем број спортски натпревари во карате, кошарка, ракомет, одбојка… изработуваат новогодишни картички, оригами срца, плетеа капи и шалчиња заедно со своите баби, подготвуваат колачиња, изработуваат накит, изработуваат боенки и собират донации.

Со собраните средства тие реновираат домови, донираат покуќнини, градаат детски игралишта, описменуваат деца, донираат за лекување на болни деца, прават инвалидски рампи за поголема достапност, праваат специјални лулашки за лица во количка, донираат нагледни сретства во центрите за лица со посебни потреби.

Поттикнати од посветеното исполнување на стратешката цел од Стратегијата 2020 т.е. промовирање на култура на ненасилство, мир и толеранција и потребата за дополнително ангажирање на младинците после финалните работилници во Струга, како и за насочување на амбициите на овие млади, се одбележува неделата за ПРОМОЦИЈАТА НА ХУМАНИТЕ ВРЕДНОСТИ, во рамките на традиционалните календарски активности на националното друштво и тоа од 21-27 септември.

ПХВ програмата е важна бидејќи претставува ретка можност младите да ја сменаат својата дневна рутина, да научаат да прават добри нешта за себе но, за другите во заедницата но и за самата заедницата. Тие тимски изработуваат мал проект, поминуваат и време заедно во реализација на проектот и менуваат нечии животи а при тоа менувајќи го и сопствениот живот. Преку програмата градиме подобри личност и идни лидери во нашата земја кои ја центаат и почитуваат волонтерската работа.




Коментари

коментари