Категории

Премногу сум зрела за модерна љубов

Премногу сум зрела за да чекам да ја сфатиш мојата вредност.

Премногу сум зрела за да чекам да ја сфатиш мојата вредност. Немам проблем со прифаќање на некои нешта, нити морам веднаш да ги запознаам твоите родители и да се вселам во твојот стан.
Но имам проблем кога се работи за комуникација која се одвива само преку пораки, без никаква средба лице во лице.
Имам проблем кога веќе со недели нашиот однос нема дефиниција. Имам проблем со сомнежот и неодлучноста.
Премногу сум зрела за да играм игри. Ако се обидуваш да играш грубо и да кокетираш со некои други, спомнувајќи колку другите те посакуваат, како твојот распоред е премногу полн за да направиш место за мене, тогаш ќе претпоставам дека не си дозовлно заинтересиран и ќе продолжам понатаму.

Нема да молам за твоето внимание. Нема да те уверувам зошто би требало да ме одбереш баш мене помеѓу сите останати.
Ако се двоумиш помеѓу мене и друга опција, избери ја другата. Не сакам да бидам заменска замисла. Сакам да бидам единствена.

Премногу сум зрела за да се преправам. Ако кажеш нешто што ме збунува, нема да останам будна во ноќите обидувајќи се да сфатам што мислиш. Ако се однесуваш непристојно спрема мене, нема да молчам за да делувам мирно, ќе ти поставам прашања и ќе го кажам она што го мислам.

Јас ќе разговарам и ќе ги откријам своите чувство наместо да носам маска. Нема да ги избришам своите чувства за ти да се чувствуваш подобро. Тоа не е мој стил.
Јас сум премногу зрела за половична врска. Нема да губам време во слушање на твоите приказни како не си спремен да кажеш дека ти сум девојка.
Нема да ја вложам сета своја енергија во тебе кога не си сигурен дали нашиот однос е оној вистинскиот и дали има иднина.

Нема да прифатам се што сакаш да дадеш кога имам јасна визија за тоа што го сакам а тоа што го сакам јас има предност.
Премногу сум зрела да се чувствувам непријатно што сум сама. Повеќе не се лажам себеси за тоа како секоја година се зголемуваат шансите дека ќе умрам сама.
Повеќе не мислам дека би била среќна во врска. Добро ми е сама.

Ако дојде до однос кој има смисла, ќе го прифатам тоа со радост. Но се до тогаш – иако сум заглавила со луѓе кои бараат нештата да бидат што по опуштени и никогаш не кажуваат што тоа всушност значи – повеќе би сакала да останам сама.

Прегледи:
545
Објавено на:
16.01.2020