Категории

Препознајте ги токсичните врски и заминате пред да биде предоцна

Речиси секој од нас понекогаш се нашол во токсична врска која предизвикува многу проблеми. И секој од нас се надевал дека нештата ќе се сменат. Но, верувајте. Нештата не се менуваат така лесно.

Ова се неколку знаци кои ќе ви помогнат да ги препознаете токсичните врски, но и начин како да ги завршите.

Тој/таа ве критикува и омаловажува.

Тие не сакаат да слушаат за вашите чувства и ве прават да се чувствувате лошо. Голем дел од нив ќе го критикуваат вашиот начин на облекувања, вашата работа, пријатели и вашиот вкус. Ваквите луѓе ќе направат да се чувствувате лошо за себеси, така што тие ќе имаат моќ над вас. Но, потсетете се на својата моќ и заминете.

Тој/таа ве изневерува постојано.

Малите грешки можат да бидат причина да им простите доколку сакате да ја задржите врската, но постојаното изневерување покажува непочит кон вашата личност. Немојте да мислите дека тие ќе се сменат. Наместо тоа, ќе продолжат со таквото однесување се додека не ги оставите.

Тој/таа се однесува лошо  кон оние кои ви значат.

Доколку личноста со која сте во врска се однесува лошо  кон вашите роднини, пријатели  или пак вашето домашно милениче, тоа е сериозен индикатор дека понатаму можеби ќе се однесуваат лошо со вам. Покажувањето непочит кон оние кои ви значат значи и непочит кон самите вам.

Тој/таа постојано лажат.

Доколку забележите дека постојано ги лажат оние околу нив, дури и да не сте ги „фатиле во лага“ насочена кон вас, тоа покажува дека тие се компулзивни лажговци кои никогаш нема да ја ценат вистината. Не дозволувајте врската да ви се базира на лаги. Сериозната и зрела врска треба да се базира на разбирање и заедничка доверба.

Не се сакате себеси кога сте со нив.

Доколку не можете да се поднесете себеси кога сте со вашиот партнер, време да ја завршите врската. Голем дел од ваквите луѓе ќе направат да се чувствувате лошо поради вашите реакции и она што сте, така што не само што ќе ја разнишаат вашата самодоверба, туку и ќе придонесат да се замразите себеси, доколку им дозволите.

Тој/таа се обидува да ве натера да се откажете од тоа што го сакате.

Доколку свирите инструмент или пак имате некои хоби кое навистина го сакате, тоа навистина не треба да биде проблем за нив, доколку не претерувате во тоа. Голем дел од луѓето се принудени да се откажат од нештата кои ги сакале целиот живот или пак во нештата во кои уживаат и кадешто ја црпат својата инспирација. Не го дозволувајте тоа бидејќи по евентуалното завршување на врската, ќе останете без тоа што ви значело најмногу.

Прегледи:
313
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
14.01.2016