Престанете да се грижите непотребно и едноставно уживајте во животот!

Колку време поминуваме размислувајќи за некоја несреќа која може да ни се случи? Сигурно поголемиот дел од нас – многу.

Грижа – тоа не е само безизлезно размислување, тоа е сопствено мачење или попрецизно – самоубивање. Замислете играч кој влегува на терен во игра и размислува дека ќе изгуби, а веќе искуството стотина пати му покажало дека има шанси за победа. Таквиот играч може да направи само едно – да го напушти теренот и со својата одлука да го повика поразот.

Грижите се војна против здравиот разум затоа што не уверува во нешто кое сме го искусиле и сме се увериле дека шансите се толку мали за да се случи, а ние сепак го премотуваме тоа сценарио во својата глава затоа што не му веруваме на здравиот разум. Грижата е војна против чувствата затоа што во неа го будиме она најлошото во себе, и дозволуваме полека да не уништува, а истовремено со тоа ги уништуваме и своите најблиски кои наместо од нас да го добијат најдоброто, тие го добиваат најлошото.

Грижите се војна против иднината затоа што се што сакаме да бидеме во неа, уште од самиот старт го прекинуваме како можност. Таа е ланец за сите наши соништа, ланец со кој ги врзуваме а тогаш и веруваме дека од нив никогаш не ни можело да биде нешто. Грижата е војна против својата слобода затоа што наместо да уживаме во животот донесувајќи одлуки врз она што ни го зборува срцето, донесуваме одлуки врз она што ни го зборуваат нашите стравови.

Потребно е еднаш засекогаш да ја надминеме грижата, да покажеме дека сме позрели и посилни од неа, да покажеме сила која ја имаме во себе да го искористиме нашиот живот до максимум. Затоа единственото нешто против кое треба да војуваме е против грижите и тоа со верба за подобра иднина. Секој ден свесно и слободно да избираме позитивни мисли и во нив да го одржуваме својот ентузијазам и енергија. Да бидеме силни и да уживаме во својот живот!




Коментари

[fbcomments]