Престанете да се грижите за сè и сешто – Голем дел од вашите сценарија нема да се случат!

Постојаното грижење не може да спречи да се случуваат лоши нешта

Само може да го одземе вашиот мир и способноста за реално расудување, можноста за уживање во нештата кои се добри. Може да ти ги одземе убавите мигови со личностите кои те сакаат и почитуваат, може да ти ја скрати радоста со која му пристапуваш на животот, може да го уништи сето она кое си го градел и во кое си вложувал целиот живот.

Грижата не може да помогне во тоа нештата да бидат поинакви. Може само да го замати погледот, да го заплаши твоето срце и да те направи неодлучен, да се сомневаш во себеси и во своите избори. Да ти ја скрати вербата во твоите соништа, да те убеди дека си премногу слаб и неспособен да ги оствариш. Да направи да се посомневаш и во своите таленти и способности.

Грижата може да те направи толку мал и беспомошен. Со неа никогаш нема да можеш да добиеш нити една борба, затоа што со неа секогаш ќе бидеш губитник и осуден на пропаст. Кога ќе почнеш да се грижиш за некои нешта, сети се на оние нешта за кои си се грижел и никогаш не се случиле а сепак ви донеле голема штета поради тоа што грижата ви ја одзела сета животна енергија.

Наместо постојано да се грижите и да ја насочувате својата сила на лошите нешта кои можеби ќе се случат, почнете да размислувате на сето добро кое може да произлезе од секоја ситуација. Како што се на овој свет има две страни, не плашете се постојано дека ќе ја видите онаа мрачната, затоа што постојат исто толку шанси сепак да ви се случат многу убави нешта.




Коментари

[fbcomments]