Категории

Престанете да се жалите – Бидете барем еднаш благодарни

Престанете да бидете незадоволни постојано, престанете да се жалите, да преживувате „неправда“ и да се однесувате како никој да не е виновен

Секој смета дека неговиот проблем е најголем. Но, Бог ни вели: Јас доаѓам во твојот живот не за да те избавам од тешкотиите, туку да го променат твојот однос спрема нив.
И така почнуваш да гледаш на своите проблеми од подруг агол – по оптимистички, со повеќе смиреност, трпеливост, храброст.

Ти толку ги преувеличуваш своите тешкотии па постојано размислуваш за нив, чувствуваш ужас, почнуваш да паничиш, а тоа е неправилно. Секако човек може да е едноставно таков, тоа е некој одреден тип на особини. На некои луѓе кога ќе им предложиш решение на проблемот, не можат да го прифатат и да се успокојат.

Тие секако ќе кукат и ќе се жалаат. Ќе им дадеш совет, прво ќе се насмевнат а потоа ќе кажат: „Не, не можам, таков сум се родил.“
Некои луѓе едноставно се навикнале да гледаат од лошата страна.

Човек сам себеси е гуши со грижата на совест и чувството на вина. Понекогаш чувствуваме загриженост, непријатност поради тоа што во некој момент сме среќни. Т.е. Ако си среќен, сигурно ќе ти се случи нешто лошо. И ќе кажат „Не, јас не смеам да бидам среќен, по неколку дена ќе се случи нешто лошо.“

Престани да се жалиш, престани да бидеш незадоволен, престани да преживуваш „неправда“ и да се однесуваш дека некој ти е виновен. Знаеш ли колку луѓе страдаат во овој момент? Колку болни во маки умираат во болниците.. Тоа е страшно.

Биде барем еднаш благодарен.

Прегледи:
362
Објавено на:
09.01.2020