Престани да се натпреваруваш со самиот себе

Секој ден не е ден за растење, понекогаш е само ден за впивање на сончевите зраци.

Можеби ќе ја научиш оваа лекција на потешкиот начин, но мораш да знаеш дека не е секој ден во твојот живот натпревар со себеси.
Секој ден не мора да донесе напредок или да биде подобар од претходниот.

Не, не мораш секој ден да направиш нешто посебно и спектакуларно. Не мораш секој ден да бидеш маестрален човек, најинспиративен, најуспешен, најдобар, најпозитивен..

Понекогаш едноставно ќе бидеш човек. Ќе го поминеш денот на највообичаен начин, не правејќи ништо, и тоа е доволно.
Престани да се натпреваруваш со себеси, престани да се туркаш себеси тогаш кога чувствуваш дека само еден чекор би те уништил.

Застани и воздивни, се додека не станеш повторно ти.
Секој ден не е ден за растење, понекогаш е само ден за впивање на сончевите зраци.




Коментари

[fbcomments]