Престани да се споредуваш со другите – Не постои еден вистински пат по кој сите мораат да чекорат

Секој има свое патешествие. Оној кој го оди некој друг не значи дека е вистинскиот и за тебе. 

Престани да се споредуваш себеси со тоа каде стоиш ти а каде другите.
Тоа не те придвижува понапред од нив, не ја подобрува ситуацијата, нити ти помага да пронајдеш мир. Тоа е само семе на твојот срам, ги разбеснува твоите чувства, те прави заглавен.

Реалноста е таа дека не постои еден вистински пат во животот по кој сите мораат да чекорат. Секој има свое патешествие. Оној кој го оди некој друг не значи дека е вистинскиот и за тебе.
И воопшто, не значи дека твојот пат е вистински или погрешен, тој е само твој.

Твојот живот не треба да изгледа како нечиј друг. Ти си своја личност со сопствени желби, соништа, цели и потреби.
Престани да се споредуваш и почни да живееш.
Можеби нема да завршиш онаму каде што си посакувал, но верувај дека ќе завршиш онаму каде што треба.Верувај дека се наоѓаш на вистинско време во вистинско место. Верувај дека твојот живот е вреден, и ти вредиш исто колку и другите!




Коментари

[fbcomments]