Претпладне сончево и топло, попладне и во текот на ноќта можно невреме

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 33 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Во петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот. За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време.




Коментари

[fbcomments]