Категории

Претседателот на Туркемнистан му подигна споменик на своето куче

(ВИДЕО) Претседателот Гурбангули Бердимукамедов е помеѓу оние кои веруваат дека кучето е најдобриот пријател на човекот, а тоа го покажа и неговиот потег со кој го оствари својот сон.

Туркменистанскиот претседател го исполни ветувањето и подгина споменик на омилената раса на куче а тоа е алабаи. Оваа раса на средноазиски овчар е омилена помеѓу граѓаните на Туркменистан.

Се работи за споменик во боја на злато кој е висок 6 метри и прикажува „достоинство и самодоверба“.

Во текот на церемонијата на откривање на споменикот, стар човек му предаде куче на дете, што претставува симбол на долгото присуство на оваа раса во Туркменистан која трае со генерации.
Уште едно животно кое претходно доби споменик во Туркменистан е коњот Акхал-Теке.

Прегледи:
44
Објавено на:
21.11.2020