Претворете ја терасата во рајска градина со помош на овие трикови

Сезоната на уредување на терасата со цвеќиња е во тек, а пред да започнете со реализација на своите идеи, обрнете внимание на овие предлози.

1. Ниеден балкон не е премал. И минијатурните балкони се доволни за лежалка и неколку цветови кои ќе ви го разубават секојдневието.

2. Не, не е се скапо и недостижно. Наместо да купувате многу билки, висечки теглички, нови столчиња, маса, скара… добро проучете што можете да искористите од веќе постоечките предмети. На пример, билките воопшто не мораат да висат на оградата на балконот. Можете да ги ставите на полици, а за таа цел ќе ви помогне стариот мебел кој можете да го обоите во друга боја.

3. Атмосферата, да тоа е клучниот збор кога станува збор за уредување на просторот. Ниедна билка, парче мебел, тенда, плочки не можат да направат многу, доколку не сте создале атмосфера која е неопходна за опуштање.

4. Соларни лампи, свеќи, некој интересен постер на ѕидот, слика, текстил и различни детали, тоа е нештата со кои ќе ги замаскирате сите несовршености во просторот и со чија помош ќе ја создадете атмосферата која ја посакувате.

5. Најчеста грешка? Пренатрупаност. Едноставно, балконот не може истовремено да биде и место за чување на велосипеди, стари предмети кои не ги користите и оаза за одмор.

6. Уште поголема грешка е тоа што поголемиот број на луѓе се фокусираат само на билки, а не на создавање амбиент. Многу ќе постигнете ако ја обоите оградата или ѕидот, ставите убава гарнитура за седење и слично.

7. Во уредувањето на својот балкон пристапете како да го уредувате својот дневен престој, бидејќи тој може и да се претвори во тоа за време на летните денови.




Коментари

[fbcomments]