Категории

Преубави ИМИЊА од ЛАТИНСКО потекло со силно значење за чиј избор нема да погрешите

Во екот на модерните имиња, понекогаш е потребно да се вратиме и на корените. Овие имиња со преубави значења би можеле да бидат одличен избор за вашето бебе..

Одбирањето на име за дете никогаш не е едноставен избор. Тоа е голема одговорност за родителите, мора да им се допадне и на двата а подеднакво е важно и детето во текот на својот подоцнежен период со него да биде задоволно.
Во екот на модерните имиња, понекогаш е потребно да се вратиме и на корените. Во продолжение ви изнесуваме неколку прекрасни имиња кои влечат корени од латинскиот јазик и имаат длабоко значење.

АДРИАНА
Женска верзија на името Адриан, според латинското значење значи оној кој доаѓа од местото Адрија.

КЛАУДИЈА
Доаѓа од името Клаудиус кое било често во римското царство кај кралевите и аристократијата.

СТЕЛА
Значи „ѕвезда“

ЛУСИЈА
Доаѓа од латинскиот збор „лукс“ што значи „светло, сјај“

ВАЛЕРИЈА
Потеклото на ова име доаѓа од зборот „валеријанус“ и значи силна, цврста, храбра жена

ОЛИВИА
Ова име доаѓа од латинскиот збор „оливариус, оливерус“ што значи маслинка. Тоа е симбол на надежта, и може да значи „онаа која носи надеж“

ДОМИНИК
Значи „господар, водач“

ЕМИЛИО
Доаѓа од латинскиот збор што значи „соперник“. Доста е популарно во Италија и Шпанија.

ЛАРА
Доаѓа од латинските зборови „лар, ларис“ а тоа било име на римската куќа на боговите кои биле заштитници на домот.
Може да значи „заштитничка“

Прегледи:
530
Објавено на:
21.10.2019