Преубави торти што попрво би ги ставиле на тераса отколку во фрижидер

Додека уживате во фотографии со храна на вашите Инстаграм профили, нема сомнение дека храната може да дејствува и како вистинско уметничко дело.


Но, ако го следите профилот на Lesli Vidžil, со секоја нејзина објавена фотографија, ќе се чувствувате како да сте откриле магична ботаничка градина наместо само десерт. Овој уметник во Калифорнија е подготвен да воведе нови трендови во светот на тортите, а нејзиното „уметничко дело“ едноставно изгледа премногу добро за да би се јадело.

Најдобро од сè? Сè што користи за изработка на торти и колачи е добро за јадење. Проверете ги овие неверојатни торти инспирирани од природата што веројатно попрво би ги ставиле на тераса или прозорец наместо во фрижидер!

Доколку сакате да се восхитувате на специјалитетите на Lesli Vidžil, следете ја на Инстаграм. Таа веќе има 130.000 следбеници кои едвај ги чекаат нејзините нови дела!




Коментари

коментари