Презервативи кои ја менуваат бојата доколку партнерот има сексуално пренослива болест!

Сексот е основата на човечкото постоење. Без секс, никој од нас не би бил тука. Тоа е убава и пријатна активност која им помага на луѓето да се поврзат и да ги зајакнат односите. Сепак, тоа исто така може да доведе до болести. Тоа е причината зошто е неопходно практикувањето безбеден секс. 

Кондомите може да бидат најчестата опција за безбеден секс. Тие се евтини и широко достапни на различни продавници. Штитат од сексуално преносливи болести и спречуваат бременост во 98 проценти од случаите кога се користат правилно.

Кондомите, сепак, не се совршени. И покрај тоа што имаат извонредно високо ниво на успех во спречувањето на ширење на СПБ кога се користат правилно, секогаш постои можност партнерот сè уште да ве зарази со болеста која што ја има.

Три тинејџери од академијата „Исак Њутн“ во Англија смислија брилијантна, но едноставна идеја за нов вид кондом кој ќе помогне во дознавањето дали вашиот партнер има СПБ. Еве како е предвидено тоа да функционира: „Би постоеле антитела на кондомот кои би комуницирале со антигените на сексуално преносливите болести, предизвикувајќи кондомот да менува бои во зависност од болеста. На пример, ако заразениот има кламидија, тој би станал зелен – жолто за херпес, виолетова за хпв и сина за сифилис “.

Тинејџерите кои го создадоа концептот имаат само тринаесет до четиринаесет години во моментот. Тоа е голема кфреативност и стручна подготвеност за таа возраст. Триото освои прво место на американските награди TeenTech во 2015 година, со што добија поддршка за реализација на оваа идеја. Магазинот „Тајм“ објави дека веќе им се пристапиле од производителите на кондоми.




Коментари

коментари