Категории

Причината поради која што фармерките се продаваат за ниска цена

Најголемиот дел од производството на тексас се одвиваше во САД. Но сега тоа не е така-тексасот се произведува насекаде ширум светот. Просечната цена на фармерки произведени од тексас се околу 2000 денари. Но свесни сме дека таа цена не е секаде иста, а ниту приближно до вистинската цена на тексас.

Која би била причината за тоа? Лажниот тексас со себе носи свои жртви, итоа и еколошки и човечки. Причината поради која што тексасот се произведува и надвор од САД е поради тоа што надзорот речиси и го нема. Работната сила е минимално платена, а плантажите со памук во Индија и Кина се генетски модифицирани.

Image result for jeans sexy commercial

Овој вид на производство бара големо количество на вода и пестициди со цел да се одржуваат големите плантажи. Тексасот е обоен со синтетичко индиго во чиј состав има остатоци од фосилни горива. Всушност, ова е многу штетно и за човекот и за околината. Тажно, дневницата која ја добиваат овие фармери е блиску до ништо.

Image result for jeans sexy commercial

Освен тоа, фармерките направени со синтетизиран памук ги трошат природните ресурси. Па така, за еден пар фармерки се потребни шокирачки 10 000 литри вода, кои потоа патуваат 10 000 километри прекуокеански и неверојатни 4000 километри со камион за да стигнат во локалните продавници. Размислете уште еднаш, дали вашите евтини фармерки навистина вредат да се произведат?

Прегледи:
484
Објавено на:
14.02.2017