Чек дис аут
Search

Причини поради кои КОКОСОВОТО МАСЛО мора да биде ваш пријател во одржувањето на убавината

Мултифункционалноста го прави тоа да е супер сојузник во секој сегмент од здравјето и изгледот.

Кокосовото масло дефинитивно може да се нарече семоќно. Неговата единствена комбинација на масни киселина може позитивно да влијае врз вашето здравје на безброј начин.
Лекарите потврдуваат дека тоа делува благотворно на општото здравје како и на изгледот на кожата, косата и ноктите, природно ги храни и негува, помага во побрзо заздравување и осигурува здравје, сјај и убавина.

Ви споделуваме неколку одлични причини поради кои тоа мора да стане ваш најдобар пријател во секојдневната нега.

1.Шмукањето на кокосовото масло секое утро некои 20 минути дневно (пожелно е наутро пред миењето на забите), може да ви помогне во детоксикација на организмот, белеење на забите па дури и елиминирање главоболка.

2.Доколку имате сува кожа на рацете, тоа може да ви помогне, исто така делува и врз заноктици.

3.Користете го како маска за коса за да и даде сјај, мекост и да ги нахрани сувите испукани врвови на вашата кожа. Нанесувајте го на мокра коса пред миење.

4.Направете микс од кокосово масло и шеќер и ќе добиете одличен пилинг за лице кој ќе ја направи вашата кожа бебешко мека и нежна.

5.Кокосовото масло може да се користи и за отстранување на шминката. Ставете малку на туфер, само внимавајте да не ви влезе во очите.

6.Користете кокосово масло под очите за да ги намалите подочњаците и брчките.

7.За поттикнување на растот на косата, вмасирајте кокосово масло на местата каде што косата ви станува поретка. Може да се користи и на веѓите.

8.Тоа исто така е одличен лек против изгореници, доколку сте претерале со сунчањето, намачкајте кокосово масло за да ви ја омекни и смири кожата.

9.Кокосовото масло додадено во кафе е одличен напиток кој го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот и го снижува крвниот притисок.

10.Кокосовото масло делува против акни, можете да го користите и наместо крем за лице доколку имате сува кожа која е склона кон акни.




Коментари

[fbcomments]