Прифати и продолжи напред – Само така ќе пребродиш сѐ лошо во животот

Соочувањето и прифаќањето е единствениот начин да ја победиш секоја тешка ситуација во животот

Прифаќањето на се она како што е и како што ни доаѓа во животот, е врвна мудрост. Да не се спротивставуваме и притоа да ги разбираме ситуациите и причините поради кои тоа ни дошло во нашиот живот е единствениот ефикасен рецепт да се избегне драмата. Се работи за процес на развивање на лична мудрост.

Она на кое му се спротивставуваш, уште повеќе се зајакнува со твоето неприфаќање. Затоа, подобро насочи ја својата енергија на прифаќање отколку на спротивставување.

“What you resist, it persists!” – на Карл Јунг е популарна изрека во духовноста. Поентата е во тоа дека кога се спротивставуваме во животот или во еден дел од својата лличност кој сакаме да го промениме, со тоа всушност додаваме гориво на веќе постоечкото. Ние го вложуваме своето внимание, го насочуваме својот фокус на активност а со тоа и животната енергија на спротивставувањето зајакнувајќи го постоечкиот проблем.

„Ти си таму каде што е твоето внимание“, е стара изрека. А тоа значи дека каде што е нашето внимание, таму е и нашата Свест и Енергија.
На пример, ако сме болни, ние автоматски се бориме за опстанување, и се спротивставуваме на болеста и „се бориме“ против неа. Тајната е во спротивната постапка – прифаќање на постоечката болесто во нашиот живот и сфаќање дека болеста ни дошла како учител затоа што сака да не научи на нешто. Тоа е доста тешко во почетокот но ако го усвоиме ставот дека нашата болест е излечлива, тогаш енергијата ќе ја додадеме на тој став – дека ние можеме да се излечиме.

Што значи тоа? Тоа значи дека причината е во менталниот или емоционалниот склоп, а понекогаш и во кармичкото предодредување. Кога ќе се освести и притоа енергетски ќе се „исчистиме“ во нашето ментално или емоционално тело, таа причина, болест повеќе никогаш нема да се јави затоа што сме ја научиле лекцијата. Затоа секогаш личноста треба прво да се освести за вистинските причини на својата болест или блокада затоа што на тој начин го забрзува процесот на лечење.

Истото е и со тешките ситуации во нашиот живот, како на пример – губењето на работата, имотот, здравјето, драгите личности, разводот и сл. секогаш постојат мали „потреси“ и од нив тешко и полека се опоравуваме. Зошто е тоа така? Баш поради причините кои ги наведовме во почетокот на текстот. Секоја од тие ситуации на кои и се спротивставуваме и не сакаме да ги имаме во животото и се што сакаме е да се ослободиме од нив, меѓутоа таквиот став на спротивставување не само што нема да ги оддалечи ефикасно, туку и според законот на привлекување ќе продолжува да ги доведува во животот таквите или слични ситуации се додека не ја научиме лекцијата.

Се работи за процес на развивање на лична мудрост, а таа мудрост ако почнеме да ја развиваме, ќе не води чекор по чекор, кон мирното и среќно живеење.




Коментари

[fbcomments]