Пригответе салата од тиквички! (РЕЦЕПТ)

Тиквичките се зеленчук кој е присутен речиси на секоја трпеза. Тие најчесто се подготвуваат поховани или па полнети, но идеални се и како салата.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • половина лажичка рендана кора од лимон
  • 1 лажица лимонов сок
  • половина лажичка сол
  • малку бибер
  • 3 зелени тиквички со средна големина
  • 5о гр. фета сирење

Начин на подготовка:

За прелив во мала чинија измешајте маслиново масло, кора од рендан лимон, лимонов сок и бибер.
Тиквичките излупете ги, а потоа исечете ги по должина на многу тенки листови и наредете ги во чинија. Одозгора прелијте ги со преливот, измешајте, па ставете сирење.

Пријатен апетит!




Коментари

коментари