Пријатен и топол дом за секој од вас: DDS Building го создава вашиот нов дом во урбана средина!

Домот е онаму каде што припаѓа вашето срце, а Скопје набргу ќе добие објект кој претставува мирна и спокојна оаза сместена во урбана средина кој ќе ве освои уште на прв поглед.

Понастрана од градскиот метеж, а сепак во урбана средина која ги исполнува сите потребни услови за квалитетен живот, се гради нов објект во скопската населба Маџари каде што многу семејства ќе имаат можност да ја започнат својата среќна приказна.

DDS Building е градежната компанија која има за цел да создаде висококвалитетни градби кои ќе го овозможат потребниот комфор за удобно и среќно домување. Урбаното и спокојно домување не треба да биде само желба туку реалност, а DDS Building ќе се погрижат секому да му го овозможат тоа. Квалитет надополнет со модерен изглед и максимално искористен простор за домување се карактеристиките кои најдобро ја опишуваат оваа градежна компанија. Според вашите потреби и можности, DDS Building нуди различни квадратури проектирани и приспособени по светски стандарди:

 

СРЕЌА – Доколку барате помал, но практичен стан, тогаш ова е идеалниот избор за вас. Станот „среќа“ зафаќа 46 м2, совршено искористени и проектирани за многу среќни мигови со најблиските.

ЉУБОВ – Најубавите љубовни приказни започнуваат тука! Станот „љубов“ зафаќа површина од 50 м2 создадени со многу љубов и внимание, сѐ што ви е потребно за почеток на една прекрасна семејна приказна.

РАДОСТ – Уредувањето на домот, раѓањето на вашето дете, успешно завршените обврски, првиот училишен ден – сетоа ова и уште многу повеќе се споделува во домот наречен „радост“ кој зафаќа површина од 60 м2.

УЖИВАЊЕ – Доколку барате малку поголем простор за живеење, каде што ќе може да уживате во секојдневието со драгите личности ова е вистинскиот избор за вас со површина од 69 м2.

УДОБНОСТ – Една од основните потреби на секој човек е удобноста во својот дом. Становите со површина од 76 м2 го нудат токму тоа. Пространост, мир и спокој во секој квадратен метар од домот.

КОМФОР – За оние кои бараат луксузно решение кое нуди комфор, посебно катче во домот за секој член, а сепак ја дава потребната топлина во домот поради одличната изведба, вистинското решение се становите со површина од 104 м2.

Концептот и мисијата на DDS Building е прилагодување на животниот простор за секоја единка, па поради тоа се креираат различни станови каде што секој ќе може да го пронајде своето идеално решение. Дозволете си љубов на прв поглед, изберете една од овие прекрасни емоции, изберете го својот дом и исполнете го со многу љубов и топлина. За повеќе информации обратете се на +389 2 2555 114.




Коментари

коментари