Категории

Приказна за бабата и дедото која ќе ве растажи: Секоја година правеле иста фотографија и одеднаш се случила празнина!

За брзината со која поминува во животот, раскажана во неколку слики…

Овие баба и дедо секоја година се сликале во својот двор пред куќата. Станува збор за сосема обични фотографии на стар брачен пар, на кои секогаш на исто место се фотографирале на стазата која води до нивниот дом.

Минималните промени на нивните облеки и изгледот на дворот, сведочат за промените на годишните времиња и незапирливото минување на времето.

На некои фотографии земјата е сосема гола, а некои излегуваат огомни цвеќиња од неа.

Претпоследната слика покажува полоши временски услови, изгледа дека станува збор за есен.

На последната слика повторно се гледа гола земја, но она што остава најголем впечаток е фактот дека бабата повеќе ја нема.

Овие слики треба да не поттикнат да го живееме секој ден како последен, бидејќи времето секако поминува, а и ние со него, затоа создавајте спомени, брчките на вашето лице нека раскажуваат случки и доживувања. Искористете ја секоја можност и не останувајте никому должни!

Прегледи:
153
Објавено на:
25.01.2022