Приказна за четири свеќи – Мудрост која ќе ве следи долго

Никогаш не смеете да го заборавите ова..

Во просторија полека гореле четири свеќи. Била речиси потполна тишина и можел да се чуе нивниот разговор.

Првата свеќа рекла: „Јас сум МИР – луѓето не успеваат да ме сочуваат, мислам дека ќе се изгаснам.“ И веднаш потоа се изгаснала.

Втората свеќа рекла: „Јас сум ВЕРА – за жал, многу луѓе сметаат дека не сум неопходна, нема смисла да горам и понатаму.“ Само што го рекла тоа, дувнал лесен ветер и ја изгаснал.

Третата свеќа жалосно проговорила: „Јас сум ЉУБОВ – немам повеќе сила, луѓето често ме забораваат и ме ставаат настрана. Дури и забораваат да ги сакаат оние најблиските“ и во истиот миг и таа се изгаснала.

Кратко потоа во собата влегло дете. „Што е ова? Требаше да горите до крај.“, рекло и почнало да плаче.

Тогаш се огласила и четвртата свеќа: „Не плаши се, додека јас горам, ќе можеме да ги запалиме и останатите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.“

Со сјај во очите, детето ја земало свеќата „Надеж“ во рацете и ги запалило и останатите свеќи.

Пламенот на надежта секогаш треба да тлее во нашето срце, за секој од нас да може да ги одржи верата, мирот и љубовта.




Коментари

[fbcomments]