Категории

Приказна за гавранот и папагалот: Се чита за минута, а ќе научите важна животна лекција

Добро размислете откако ќе ја прочитате оваа приказна! Некои поуки од неа може да ви го сменат животот!

Си бил еднаш еден гавран. Живеел во шума, но летал каде и да посакал, имал многу пријатели помеѓу животните и се на се живеел еден убав и исполнет живот.

Меѓутоа еден ден видел лебед. Неговата белина и грациозноста го воодушевиле и тој кој до тој момент мислеле дека е убав и среќен, помислил дека лебедот е поубав и посреќен од него.

-Грешиш! И јас мислев дека сум најсреќната птица на светот додека не видев папагал. Тој е преубав, а не јас. Тој мора да е најсреќната птица на светот“, му кажал лебедот на гавранот кога тој му го изразил своето воодушевување.

По некое време, на едно од своите патувања гавранот налетал на папагал. Седел во кафез закачен на балкон од некој стан и се гледал во огледало. Бил шарен , а пердувите му сјаеле на сонцето. Гавранот помислил:„Еве ја навистина најсреќната и најубавата птица на светот“.

– Ти си прекрасен! Ти мора да си најсреќната птица на светот“, му кажал гавранот на папагалот кога слетал до неговиот кафез.

– „Јас секогаш мислев дека сум најубавата и најсреќната птица на светот. Но погледни – поради мојата убавина, јас сум во овој кафез. Веќе долго време ги гледам гавраните кои летаа покрај мојот златен затвор. Тие летаат каде и да посакаат, ги обиколуваат шумите и полињата и на никој не му одговараат. Јас мислам дека гавраните се најсреќни птици на светот“, одговорил папагалот.

Прегледи:
1299
Објавено на:
28.10.2016