Приказната која стои позади споменикот со 440 пара потпетици во Турција ќе ви го скрши срцето

Има одредена убавина и сила во слабоста, велат. Но, понекогаш нееднаквоста помеѓу луѓето носи само тага. Таков е случајот на семејно насилство, акутен, но сепак толку често неискажан проблем низ целиот свет. Еден уметник во Турција сметал дека тоа е многу тежок и важен проблем, па поради тоа успеал да најде начин да допре до свеста на своите сограѓани, на начин кој што едноставно не може да се игнорира, а истовремено, оддавајќи почит на жртвите на ова ужасно семејно насилство.

Слушаме доста приказни за семејно насилство врз жени насекаде во светот и тоа е една од најчестите причини за насилната смрт кај жените. Кога станува збор за Турција, овие бројки говорат за фактот дека околу 40% од жените страдале од семејно насилство, а некои случаи имаат трагичен крај. Во потрага по подигнување на свеста за овие проблеми, еден уметник се појави со идејата за споменик што никој не може да го занемари.

Овие 440 пара потпетици беа закачени на ѕидовите на една зграда во Истанбул, Турција, оддавајќи им почит на 440 жени кои беа убиени од своите мажи изминатата година. Ова дело е на турскиот уметник и дизајнер, Вахит Туна.

Тој избрал потпетици како симбол на женската моќ и независност која треба да и е загарантирана на секоја жена.




Коментари

[fbcomments]