Од еротска ѕвезда до шведска принцеза

Поранешната еротски модел и тв ѕвезда Софија Хелквист е совршен пример за жена на која и паднала секирата во мед. До вчера беше во светот на сексот, а денес планира венчавка со Карл Филип трет по ред наследник на шведскиот престол.

Парот се запознал пред 4 години во една дискотека, а судбоносното ДА ќе го каже на 13 јуни со благослов од кралот Карл XVI Густав и кралицата Силвија.

Откако е свршеница во кралското семејство, медиумите внимаваат што пишуваат за неа и ја преставуваат како „некогашна студентка по економија и англиски јазик“. Иако кружат гласини дека не е прифатена од семејството, Хелквист категорично демантира.

-Од првиот ден кралот ме прифати како своја ќерка и ми препорача да се чувствувам како во своја куќа, вели таа.

Изборот на принцот Филип е сосема очекуван со оглед на тоа дека ужива статус на плејбој и проблематичен маж.




Коментари

коментари