Категории

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се многу блиски, и тоа беше јасно уште кога свекорот ја испрати поранешната глумица до олтарот на нејзината свадба со неговиот син Хари. Сега протече уште еден детал што го потврдува сето тоа.

Имено, принцот Чарлс за Меган има така необичен, но и сентиментален прекар – „Тунгстен“ (волфрам), оти била силна како метал.

– Принцот Чарлс и се восхитува на Меган поради нејзината сила и поддршката што му ја дава на Хари, на кого му треба силна личност во неговиот живот оти честопати знае да биде мек. Тоа стана израз на преданоста, открива неименуван извор близок до кралското семејство.

Чарлс (69) на венчавката минатиот месец, ја доби задачата да ја одведе невестата пред олтарот, кога веќе се знаеше дека нејзиниот татко Томас Маркл не доаѓа на свеченоста.

Прегледи:
343
Објавено на:
18.06.2018