Категории

Принцот Чарлс позитивен на коронавирус

Британскиот принц Чарлс е позитивен за коронавирусот, се вели во денешното соопштение од кралската палата.

Според соопштението, принцот од Велс има благи симптоми и се чувствува добро, а последните неколку дена работи од дома како и досега, јави Скај њуз.

„Војвотката од Корнвол исто така е тестирана, но не и заболена. Според препораките на владата и лекарите, принцот и војвотката се во изолација во Шкотска“, се вели во соопштението.

Принцот, вирусот го добил за време на еден од неговите многу контакти во последните неколку недели.

Прегледи:
481
Објавено на:
25.03.2020