Категории

Принцот Џорџ јавно исмеан дека оди на часови по балет

Телевизиската презентерка Лара Спенсер јавно го исмеа принцот Џорџ за неговите часови по балет кога неговиот татко принцот Вилијам сподели дека Џорџ кој сега тргнува во училиште, ќе оди на часови по балет.

Презентерката на тоа коментираше „Драг принцу Вилијам, имам вести за тебе, да видиме какви резултати ќе донесе тоа.“
Откако таа беше остро нападната за нејзиниот подбивен коментар, презентерката се извини за својот коментар „Јавно се извинувам на кралското семејство за мојот бесчувствителен коментар. Доколку малиот принц го сака балетот, тогаш тој треба да ги следи своите желби и соништа. Навистина ми е жал што го реков тоа, не мислев ништо навредливо.“

Нејзиното извинување беше поттикнато која се огласија бројни членови на балетските здруженија во одбрана на машките балетани со мотото „И Мажите Танцуваат“, а помеѓу нив се јавија и бројни познати и успешни ѕвезди од светот на балетската уметност.

https://www.instagram.com/p/B1gjmZTBCxW/?utm_source=ig_embed


https://www.instagram.com/p/B1hWQ-lhxCU/?utm_source=ig_embed

Прегледи:
536
Објавено на:
03.09.2019