Категории

Принцот Хари и актерката Меган Маркл се верија

Принцот Хари, петтиот по ред британски претстолонаследник, се вери со актерката Меган Маркл. Среќната вест беше објавена преку официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.

Според најавите, свадбата ќе биде на пролет, а двојката ќе живее во замокот Нотингем во Лондон.

Во изјавата принцот Хари рече дека е „воодушевен што објавува” за убавата вест и за добиениот благослов од родителите на неговата идна сопруга. Во почетокот само кралицата и „другите најблиски членови на неговото семејство“ знаеле за нивната свршувачка.

Според официјалното соопштение, деталите за денот на свадбата ќе бидат објавени во догледно време.

Својата врска со Меган, Хари ја откри пред јавноста во ноември минатата година.

 

Прегледи:
325
Објавено на:
27.11.2017