Категории

Природен напиток против стрес кој ќе ве смири и опушти

Современиот живот секојдневно опслужува стресни ситуации, а наша задача е да се заштитиме од тоа негативно влијание, да развиеме издржливост и на тој начин да го зачуваме здравјето и енергијата.

Покрај психолошките алатки и методи, постојат многу природни билки, тинктури и тоници кои можете да ги направите без напор, а одлично делуваат против стресот и нервозата.

Проблемот настанува затоа што нашиот нервен систем во стресни ситуации секогаш реагира како да се работи за живот или смрт и на прво место не разликува емоционална од реална закана. Така, на пример, кога имаме конфликт со некого на работа, во семејството или кога имаме финансиски проблеми, на физиолошки план, нашиот организам реагира како да е директно загрозен.

Сосема е јасно дека честите реакции од овој тип ја ослабуваат нашата севкупна психофизичка сила, а порано или подоцна доведуваат до нивно распаѓање, предизвикувајќи психички нарушувања, анксиозност, психосоматски заболувања и слично.

Од гледна точка на емоциите, стресот најчесто се манифестира преку присуство на негативни чувства. Присуството на интензивни негативни емоции е од клучно значење во реакцијата на стресот, бидејќи тие се поттик за сите други симптоми на стрес. Поради стрес, лицето прво има негативни емоции, а следуваат и други симптоми.

Постојат многу начини на кои можеме да ги ублажиме или елиминираме штетните ефекти на секојдневниот стрес, како што се психотерапија, спорт или хоби, како и бројни методи и техники против стрес (јога, автоген тренинг, медитација) и здрава храна.

РЕЦЕПТ ЗА НАПИТОК ПРОТИВ СТРЕС

Топлата вода во комбинација со лимон и исечен ѓумбир е одличен начин за поттикнување на варењето. Ѓумбирот е богат со антиоксиданс gingerol, кој помага да се елиминираат штетните материи што ги произведува нашето тело кога сме загрижени, па затоа ѓумбирот помага и во намалување на психолошкиот стрес.

Подготовка на напитокот: Измијте го и излупете го коренот од ѓумбир. Потоа изрендајте или исечете ги на парчиња корен од 2 см. Истурете половина литар врела вода и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете и додадете парче лимон!

Прегледи:
504
Објавено на:
15.01.2022