Природен тоник кој ги бриши трагите од умор на лицето

Првиот чекор против борбата на уморно лице е сонот. Но постои уште еден трик кој може да ви помогне во ова, а за него ви се потребни само неколку состојки.

Кога се работи за трагите до умор на лицето, за тоа се заслужни повеќе фактори. Освен што ви е потребен квалитетен сон, исто така пиењето повеќе вода е клучот за свежа и блескава кожа. Притоа, избегнувајте кафе и наместо тоа конзумирајте зелен чај. Но зелениот чај исто така може да се користи и како тоник за лицето и делува супер ефективно против уморната кожа и подочниците.

Еве како да го направите домашниот тоник

Потребно ви е:
-200 мл вода
-4 лажици зелен чај
-1 лажица нане
-1 лажица лимонов сок

Подготовка:
Направете чај од водата, зелениот чај и нането. Изладете го и исцедете го, потоа додадете го лимоновиот сок. течноста префрлете ја во шише со пумпица и ќе добиете природен антиоксидансен тоник.




Коментари

[fbcomments]