Категории

Природна маска за неодолива и здрава коса

Континуираното сушење, пеглање, виткање и фарбање на косата остава видливи последици. Пред да се одлучите да го посетите вашиот фризер и да ја скратите косата, пробајте домашна маска од природни состојќи кои ќе ве изненадат колку ќе го променат нејзиниот изглед и состојба враќајќи го нејзиниот природен сјај.

Се што ви треба е една лажица органско кокосово масло и една лажица органски мед. Измешајте ги состојките заедно, во случај да имате подолга коса додадете мед и малсо малку повеќе од вообичаено. Маската може да се примненува на сува и влажна коса, но во секој случај ставете пешкир на себе за да не ја оштетите вашата облека. Нанесете ја маската и завиткајте ја вашата коса во пунџа, па оставете да делува околу 40 минути. Потоа исплакнете ја косата со шампон и балсам. Резултатот е воодушевувачки!

Прегледи:
322
Објавено на:
09.03.2017