Категории

Природни масла неопходни во вашето beauty катче

Природните масла се најстарите лекови кои се користеле за лечење на многу здравствени проблеми како а исто така најпознати се и по тоа што биле ултимативни препарати за убавина.

Маслата се вистински волшебници кога се работи за третирање на кожата и косата, а еве кои од нив е задолжително да ги поседувате во вашето катче за убавина.

Масло од чајно дрво

Ова масло има моќни антибактериски својства, го ублажува воспалението на кожата, помага при акни, го отстранува првутот и го поттикнува растот на косата.

Кокосово масло

Ова масло е вистинско чудо бидејќи наоѓа примена секаде. Можете да го користите како маска за коса, да го додавате во пилинзи за лице и тело како и да ја остранувате шминката.

Бадемово масло

Тоа е вистински лек за оние кои имаат чувствителна и проблематична кожа. Отстранува лишаи, ја смирува кожата и не ги затвора порите. Можете да го користите за масажа на лицето, за вадење шминка, а доколку често го нанесувате на трепките тие ќе станат долги и густи. Можете да го нанесувате и на телото бидејќи тоа е одличен лек за стрии.

Масло од лаванда

Ова етерично масло се бори против опаѓањето на косата, недостатокот на сон како и одлично служи за релаксација во бањата. Со само неколку капки во топла вода ќе добиете ароматерапија која ќе ве смири и релаксира и ќе ви помогне подобро да запиете. Исто фака помага и при настински и прелада.

Прегледи:
328
Објавено на:
28.06.2017