Природно и ефикасно: Најевтини трикови кои ќе ги истераат мравките од вашиот дом

Не го прскајте повеќе вашиот дом со отрови, обидете се да се ослободите од мравките на природен начин.

Сите ние барем еднаш сме имале проблем со овие мали „подстанари“. Доаѓаат во домот, се размножуваат и се чини дека никако не можеме да излеземе на крај со нив. А колава е нервозата доколку остане нешто слатко во кујната. За половина час, тоа место е потполно прекриено со мравки.

Еве неколку совети како да се ослободите од нив, без отрови и на природен начин.

 

Цимет

Мравките не го сакаат циметот и бегаат од него. Истурете цимет во прав на местата каде што се појавуваат мравки како и на нивната „транзитна рута“. Кога ќе сфатат дека целата куќа мириса на цимет, ќе избегаат.

Оцет

Помешајте алкохолен оцет со вода, и испрскајте насекаде каде што сте забележале дека има мравки. Ако е потребно, повторувајте ја постапката неколку денови, додека мравките не исчезнат.

Нане

Мравките бегаат и од мирисот на нане. Ставете вреќичка чај од нане на местата каде што обично влегуваат и на тој начин ќе ги држите подалеку од вашиот дом.

Гриз

Истурете гриз (може и крупно мелен ориз или пченка) на местата каде што ќе забележите мравки.

Лимон

Како и оцетот, лимонот многу им пречи на мравките. Помешајте го со вода и испрскајте ги собиралиштата на мравите. Евтино  ефикасно!




Коментари

коментари