Пристигна првиот Android Go смартфон

Уште минатата година, компанијата Google најави дека ќе направи напори да го направи оперативниот систем Android подостапен за поевтините и послаби модели на телефони. 

Вчера излезе и првиот телефон од оваа линија на смартфони. Alcatel 1X со Android Go, односно Android Oreo (Go Edition).

Спецификациите за новиот телефон се солидни како за телефон во таа ценовна категорија. Тој има quad-core процесорот, 1GB RAM и 16 GB внатрешна меморија и 5,3-инчен дисплеј со 960 х 480 резолуција. Телефонот ќе почне да се продава во април по цена од околу 6.000 денари.




Коментари

коментари