Пробиотска лимонада! Освежувачки пијалак за подобро здравје (РЕЦЕПТ)

Лимонадата е најдобар избор за жешките топли денови, а можете да ја збогатите ако во неа додадете пробиотици. Поради ферментацијата која се случува во оваа комбинација, оваа лимонада ќе содржи многу здрави бактерии, есенцијални за нормално функционирање на системот за варење.

Водениот кефир и комбухата се само некои од одличните производи за ферментација, што ги прави полни со пробиотици и ензими. Бидејќи е потребно повеќе време за да се направат, со помош на сурутка (која е достапна речиси во секоја продавница) и лимонада, можете да добиете еднакво силен и здрав пробиотски освежителен пијалак. Оваа лимонада се прави многу лесно и спремна е само за неколку денови.

Состојки:

  • 150 гр шеќер (нерафиниран, кафеав)
  • 2,5 до 4 литри филтрирана вода
  • 10 исцедени лимони
  • 250 мл сурутка

Подготовка:

Во сад, флаша или тегла од најмалку 3 и пол литри помешајте го шеќерот со малку жешка вода колку да се стопи. Додадете го сокот од лимон и наполнете до 3/4 со вода. Ставете ја на место со собна температура и додадете ја сурутката.

Добро покријте и оставете да стои два до три денови. Потоа префрлете ја во фрижидер и пијте 1,5-2 децилитри дневно. Аромата на пијалакот ќе се зголемува низ деновите. Ако стане премногу кисела бидејќи шеќерот се разградил, додадете малку стевиа за подобар вкус.




Коментари

коментари