Прочитајте го ова доколку се плашите од иднината

Дали ви се случило да размислувате за иднината, и да се почувствувате лошо? Константно си поставувате лоши прашања кои веројатно нема ни да се случат.

Стануваш песимист, негативноста те обзема, замислуваш најлоши сценарија, дури и ако не се ни возможни. Ако постојано размислуваш за иднината, создаваш проблеми кои всушност не постојат. Се прашуваш што ќе направиш ако се случи тоа или како ќе се носиш со некоја ситуација – а веројатно ништо од тоа нема да се оствари. Добро е да се биде подготвен, но нездраво е да се биде опседнат. Нездраво е повторно и повторно да се фокусираш на нешто лошо, затоа што твоето тело ја преживува секоја мисла а тоа е потполно лошо за здравјето.

Ако секогаш размислуваш за иднината, забораваш да уживаш во сегашноста. Не ја гледаш убавината во миговите поминати со твоите пријатели, најблиски и природата околу себе. Очите ти се лизгаат преку добрите мигови животот, затоа што живееш во сопствените мисли наместо да живееш во реалниот свет.
Кога размислуваш за иднината, само ја гледаш големата слика наместо да обрнеш внимание на малите нешта, малите чекори кои ќе те донесат до успехот. Премногу ги нагласуваш случувањата кои не се важни а ги занемаруваш нештата кои навистина се.

Престани да се плашиш за утре. Престани да се мачиш со непотребни мисли и да го нагласуваш утрешниот ден затоа што заслужуваш среќа денес.




Коментари

[fbcomments]