Категории

Продукти кои децата не би смееле да ги јадат до 4тата година

Доенчињата и малите деца имаат проблем со џвакање и кога ќе добијат запчиња, бидејќи тоа им е сосема ново искуство на кое мора постепено да се учат. Одредени продукти претставуваат опасност за гушење дури до наполнетата 4та година.

Освен штетноста на одредени продукти, потребно е да имате на ум и каква е нивната структура и колку се тешки за џвакање. Затоа ви носиме попис на храна која родителите не би смееле да ја нудат на децата пред наполнети 4 годинки.

1.       Виршли

Освен што се посебно нездрави, нивната гуменеста структура не е погодна за дечињата бидејќи постои опасност од гушење.

Паметна замена: Ситно мелено мисиркино или пилешко месо.

2.       Големи парчиња месо и сирење

Малку повеќе време ви треба за да го исечкате месото и сирењето на ситни парчиња погодни за дечињата. За поголемките дечиња исечкајте ги на ленти кои ќе можат да ги загризаат, а на помалите во големина на едно залче за да им го олесните џвакањето.

3.       Целосно овошје

Јаболките и крушите задолжително пред да им ги давате на децата исечете ги на парчиња и излупете ги. Изберете ги оние зрели круши, а јаболките доколку се посебно тврди, пред да им ги дадете, кратко варете ги. Крупните зрна грозје исто така преполовете ги.

4.       Тврди или многу лепливи слатки

Иако слатките треба целосно да се избегнуваат, тоа е многу тешко со малечките кои ги обожаваат. Затоа избегнувајте тврди бомбони кои детето може да ги проголта цели и лепливи слатки како што се слузави колачиња.

5.       Путер од кикиритки

Лепливиот путер од кикиритки може да биде многу опасен за децата помали од 2 години, посебно доколку во себе содржи и парчиња од кикиритки кои можат да бидат остри за осетливото детско непце.

6.       Пуканки

Присетете се само вам колку пати зрно пченка ви се залепило за грлото. Освен тоа, на децата им е  тешко да џвакаат сува храна, а пуканките се баш такви.

7.       Сиров зеленчук

Додека детето во целост не го совлада темелното џвакање, крцкавиот и сиров тврд зеленчук би требало да биде заменет со варен грашок, морков, карфиол и брокула.

Прегледи:
117
Објавено на:
26.01.2016